Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија во Вишиот управен суд, за нов претседател на Управниот суд, оценувајќи дека неговата програма, досегашното искуство и познавањето на управното судство го издвојуваат меѓу кандидатите.
Јакупи беше избран на денешната седница на Советот по спроведена постапка и гласање по извештајот со предлог-листа на кандидати за претседател на Управниот суд. Во расправата повеќе членови на Советот ја истакнаа неговата способност за раководење, искуството стекнато во Вишиот управен суд и квалитетот на програмата што ја презентирал.
Исамедин Лимани оцени дека Јакупи добро ќе раководи со судот, а Ивица Стефановски како аргумент ја наведе и правичната застапеност. Данка Ристова посочи дека неговата програма се издвојува од програмите на другите кандидати и дека во неа се препознава учеството на Јакупи во конституирањето на управното судство, при што биле јасно лоцирани и слабостите во системот.
Поддршка за неговиот избор дадоа и Садула Изаири, кој се повика на програмата, личните квалитети и претходното искуство на кандидатот, како и Џенета Бегтовиќ, која нагласи дека Јакупи бил заменик-претседател на Вишиот управен суд и на тој начин стекнал значително искуство во управување со судска институција.
Арлинда Кадри-Шахиновиќ се приклучи кон позитивните оценки за кандидатот, а Тања Чачарова-Илиевска истакна дека седумгодишното искуство во Вишиот управен суд е доволно за да ги согледа состојбите и проблемите во управното судство. Поддршка изразија и Аритон Ала, кој му го честита изборот, како и Владо Камбовски, кој оцени дека Јакупи ја понудил најдобрата програма.
Против неговиот избор се изјасни Сузана Јошевска, според која Јакупи е кандидатот со најмал судиски стаж меѓу пријавените и единствениот што нема судиски стаж во судот со кој треба да раководи. Таа оцени и дека неговата програма содржи цели, но тие не се доволно разработени.
За функцијата претседател на Управниот суд биле пријавени пет кандидати, од кои пријавите на Субхи Јакупи, Газменд Фејзули, Едита Наскова и Ѓоко Живковски биле навремени и комплетни, а пријавата на Љуљзим Салиу беше отфрлена како некомплетна.
На предлог-листата се најдоа Ѓоко Живковски, судија во Управниот суд со 12 години судиски стаж, Субхи Јакупи, судија во Вишиот управен суд со седум години судиски стаж, Едита Наскова, судијка во Вишиот управен суд со 14 години стаж, и Газменд Фејзули, судија во Управниот суд со 18 години стаж.
Претходно, на седницата беше усвоен записникот од 557. седница на Судскиот совет одржана на 30 септември годинава, а донесени беа и одлуки за разрешување судии поротници од Основниот суд Велес и Основниот суд Тетово.
По изборот на претседател на Управниот суд, Советот треба да продолжи со точките што се однесуваат на одлучување по изјави на судии за продолжување на судиската функција, расправа и одлучување по извештаи за констатирана состојба, како и со точката „Разно“.
МИА
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
