Супертајфунот Рагаса стигна до Хонг Конг, во Тајван остави 14 мртви и над 100 исчезнати
Супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски циклон во светот годинава, денеска го погоди Хонг Конг со ветрови со сила на ураган и ненадејни поплави, а неговите обилни дождови во Тајван предизвикаа смрт на најмалку 14 лица.
Во Хонг Конг, патиштата се пусти, бидејќи властите ги предупредија жителите да останат во своите домови. Делови од источниот и јужниот брег на азискиот финансиски центар се поплавени.
Се очекува супертајфунот да го задржи својот интензитет на патот кон брегот на кинеската покраина Гуангдонг, каде што живеат повеќе од 125 милиони луѓе. Властите на Гуангдонг евакуираа повеќе од 770.000 луѓе, објави државниот радиодифузер CCTV.
Рагаса пред два дена го опустоши северот на Филипини, а Тајван вчера. Во округот Хуланиен, во источниот дел на островот вчера загинаа 14 лица, а повеќе од 100 се водат за исчезнати, откако таму се прелеа бариерно езеро, соопшти противпожарната служба.
Властите предупредија на зголемување на нивото на морето, споредливо со тајфунот Хато во 2017 година и тајфунот Мангхут во 2018 година. И двата тајфуни предизвикаа штета од повеќе милијарди долари.
МИА
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот