Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
Четири часа по големата трагедија во Пулс, 29 повредени од пожарот биле хоспитализирани во клиникиата за хируршки болести Свети Наум Охридски. Интензивна нега, шок соба и другите оддели биле подготвени за третман на младите со изгореници.
Пластичниот хирург Емилија Атанасова на работното место била уште пред зори и воопшто не биле свесни за какво обем на катастрофа станува збор додека не ги виделе пациентите.
- Ова позади мене беше полно. 18 пациенти беа на интензивна нега, 10 беа интубирани кај 8 требаше кислородна поддршка. Сите беа тивки, трауматизирани, шокирани, бледи...буквално беа во шок и нашата цел беше да ги стабилизираме што е можно побргу, да ја направиме проценката на нивната тежина и тоа го направивме, вели д-р Емилија Атанасова, супспецијалист по пластична хирургија во Клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски.
Доктор Атанасова вели дека првите 24 часа сите биле на работа а од примените пациенти, 18 биле испратени на лекување во странски болници. На тие кои останале на клиниката им правеле трансплантација на кожа.
Тој тежок ден, 16 март 2025, целосно ангажирани беа и здравствените работници од скопските клиники. Главната сестра на Пластична хирургија вели дека по тријажата во Ургентен, ги распоредувале повредените по оддели. Пациентите се знаеле меѓу себе и комуницирале и на тој начин ги дознавале нивните имиња и ги запишувале на делови од телото или завоите.
- Во една соба имаше по двајца пациенти каде беа поставени на мониторинг и кислородна поддршка. На двајца пациенти имаше по еден анестезиолог, еден пластичен хирург и две медицински сестри. Константно следење на виталните параметри и често правење на преврски била нивната работа, вели Армина Дечковиќ, главна сестра на пластична хирургија.
Лекари, медицински сестри, болничари, рендгенолози, лаборанти, сите плачеле во себе, но не смееле да ги покажуваат емоциите пред повредените.
- Дури откако ќе си отидевме дома имавле право и да плачеме и да тагуваме, затоа што тка пред пациентите не смееме да ги покажуваме тие емоции иако сите бевме целосно оптеретени со тие чуства, вели д-р Атанасова.
- Бројката од минута во минута се зголемуваше. Навистина беше стресно и трогателно и сите бевме потресени, но моравме трезвено да реагираме во дадената ситуација што секоја минута ја носеше, вели Дечковиќ.
Една година по трагедијата и доктор Атанасова и сестра Дечковиќ се среќаваат со повредените кои ги ги лекувале и им правеле преврски.
Тие се ослободени од плаќање партиципација преку програма која била донесена на Влада во февруари. За тоа биле известени сите здравствени установи, но дел од нив се уште не ја применуваат одлуката.
- Со програмата се ослободени од партиципација во амбуланти, поликлиники, болници и дневни болници и рехабилитација односно од здравствени услуги. Ниедна програма не само оваа не ослободува од партиципација за лекови, партиципациа за тоа плаќаат сите, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.
Од партиципација се ослободени 170 повредени, согласно проценките на нивната состојба што ја прават работните групи.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
