Светски ден на населението

Од 1989 година 11 јули се одбележува како Светски ден на населението со цел да се подигне свеста за прашањата кои влијаат врз светската популација.
На иницијатива на демографот во Светската банка, К. Ц. Захарија, Управниот совет на Програмата на Обединети нации за развој (УНДП) го прогласува 11 јули за Светски ден на населението. На денешен ден во 1987 година светското население достигна пет милијарди.
Според статистичките податоци, во ноември 2022 година, светската популација достигна бројка од осум милијарди луѓе.
Светскиот ден на населението има за цел да го привлече вниманието на одредени демографски проблеми со кои се соочуваат земјите ширум светот. Главните цели вклучуваат:
– Подигнување на свеста: информирање на јавноста за прашања како што се сексуалното здравје, правата на жените и девојчињата, образованието, сиромаштијата, одржливиот развој и заштитата на животната средина.
– Промоција на родова еднаквост: зголемување на свеста за потребата од еднакви права и можности за жените и девојките во сите аспекти на животот.
– Поддршка за здравствени иницијативи: нагласување на важноста од пристапот до здравствена заштита.
– Одржлив развој: поттикнување одржливи практики и политики кои ќе овозможат рамномерен раст на населението и заштита на природните ресурси.
Ново на Сител
-

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Бадникови поворки 2026 во рекордни 80 градови – централна манифестација во Скопје
-

Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено
-

Илјадници жители на Берлин се уште се без струја и греење
-

Изминатиот викенд приведени 13 лица за безобѕирно управување на возило, 1.402 сообраќајни прекршоци
-

Идентификувани сите 40 жртви од пожарот во барот во Кран Монтана
-

Македонски автобус излета од автопат во Србија | ВИДЕО
-

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ
