Светските трошоци за вооружување лани достигнале 2.887 милијарди долари, најмногу во Европа и во АзијаЕвропа и Азија

Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).
Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа и за 8,1 отсто во Азија и Океанија. Трите најголеми потрошувачи – САД, Кина и Русија – заедно потрошиле 1.480 милијарди долари, односно 51 отсто од вкупниот глобален износ.
Ова е 11-та година по ред како се бележи раст на воената потрошувачка, при што глобалниот воен товар – односно уделот на воените расходи во бруто-домашниот производ (БДП) – достигнал 2,5 отсто, највисоко ниво од 2009 година.
Иако растот од 2,9 отсто е значително помал од зголемувањето од 9,7 отсто забележано во 2024 година, забавувањето главно се објаснува со падот на трошоците на САД.
Главен придонес кон глобалниот раст во 2025 година имало зголемувањето од 14 отсто во Европа, каде трошоците достигнале 864 милијарди долари. Во исто време, воените расходи на Русија и Украина продолжиле да растат во четвртата година од војната, додека напорите на европските членки на НАТО за повторно вооружување довеле до најголем годишен раст во централна и западна Европа од крајот на Студената војна.
Руските воени трошоци пораснале за 5,9 отсто во 2025 година, достигнувајќи 190 милијарди долари, што претставува 7,5 отсто од БДП.
Според методологијата на SIPRI, 29 европски членки на НАТО потрошиле вкупно 559 милијарди долари во 2025 година, при што 22 од нив за одбрана издвоиле најмалку два проценти од БДП.
Германија е најголемиот воен потрошувач во групата, со раст на трошоците од 24 отсто на 114 милијарди долари. Воените расходи на Германија го надминаа прагот од два проценти за првпат од 1990 година, достигнувајќи 2,3 отсто од БДП во 2025 година.
Во извештајот се додава дека во 2025 година воените трошоци на европските членки на НАТО пораснале најбрзо од 1953 година, што го одразува стремежот кон поголема европска самостојност, како и зголемениот притисок од САД за порамномерна распределба на товарот во рамки на Алијансата.
МИА
Ново на Сител
-

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април
-

Повторно дојави за бомби во Загреб, во тек евакуација на основни и средни училишта
-

Скопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
-

Белгискиот премиер со став дека ЕУ треба да почне преговори со Русија за окончување на војната во Украина
-

Директорот на египетската репрезентација: Салах има скината тетива и ќе му бидат потребни четири недели лекување
-

ЕСПН: Нејмар го пропушти тренингот на Сантос без да објасни зошто
-

Шефот на иранската дипломатија пристигна во Русија
-

РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
