СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа

Повеќе од 1.300 луѓе починаа како последица на топлотниот бран што ја зафати Европа од 21 јуни, соопшти денеска Светската здравствена организация (СЗО).
„Од 21 јуни се регистрирани повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури во Европа“, објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека околу 150 милиони луѓе во моментов живеат во услови на екстремни горештини, стотици лица починаа, училиштата се затворени, а електроенергетските мрежи се под огромен товар.
Во Чешка денеска беше измерен втор последователен дневен температурен рекорд, откако во Доксани, северно од Прага, беа регистрирани 41,1 Целзиусов степен, соопшти Чешкиот хидрометеоролошки институт.
„Ова е првпат официјално да регистрираме температура над 41 степен во нашата мрежа метеоролошки станици. Температурата сè уште расте, така што ова веројатно нема да биде највисоката измерена вредност“, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Макрон изјави дека кратењата во европскиот буџет се стратешка грешка
-

РИК на Србија соопшти детали за претседателските избори закажани за 27 декември
-

Европската перспектива на Западен Балкан во фокусот на Самитот Брдо-Бриони во Охрид
-

Европскиот совет не успеа да постигне договор за следниот седумгодишен буџет на ЕУ, преговорите продолжуваат во декември
-

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид
-

Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен напад
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, викендов снег на планините
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
