СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа

Повеќе од 1.300 луѓе починаа како последица на топлотниот бран што ја зафати Европа од 21 јуни, соопшти денеска Светската здравствена организация (СЗО).
„Од 21 јуни се регистрирани повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури во Европа“, објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека околу 150 милиони луѓе во моментов живеат во услови на екстремни горештини, стотици лица починаа, училиштата се затворени, а електроенергетските мрежи се под огромен товар.
Во Чешка денеска беше измерен втор последователен дневен температурен рекорд, откако во Доксани, северно од Прага, беа регистрирани 41,1 Целзиусов степен, соопшти Чешкиот хидрометеоролошки институт.
„Ова е првпат официјално да регистрираме температура над 41 степен во нашата мрежа метеоролошки станици. Температурата сè уште расте, така што ова веројатно нема да биде највисоката измерена вредност“, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
