СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус, денеска соопшти дека е подготвен шестмесечен акциски план за спречување на ширењето на еболата, за кој се предвидени 518 милиони долари.
Според Гебреисус, стратегијата не започнува од почеток, туку се темели на искуствата стекнати од претходните епидемии и здравствени кризи во изминатите години.
– Не почнуваме од нула. Овој план се базира на претходните епидемии и здравствени кризи од изминатите години – изјави тој.
Во реализацијата на планот активно ќе бидат вклучени и Африканските центри за контрола и превенција на болести, кои ќе соработуваат со СЗО во координацијата на мерките за спречување на ширењето на вирусот.
Имплементацијата на програмата започнува овој месец и ќе трае до ноември, со фокус на зајакнување на здравствените системи, рано откривање на случаите и подобрување на подготвеноста за одговор на евентуални нови жаришта.
Гебреисус нагласи дека успехот на мерките ќе зависи од политичката поддршка, стабилното финансирање и довербата на локалното население.
-Борбата против еболата бара политичка посветеност, одржливо финансирање и доверба во ангажманот на локалните заедници – истакна првиот човек на Светската здравствена организација.
MИА
Ново на Сител
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
