Тадиќ: Потпишувањето на француско-германскиот договор е прифаќање на косовската независност
Потпишувањето на француско-германскиот договор, што начелно беше усвоен пред два дена во Брисел како Договор за пат кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, нема да биде чин на формално признавање на независноста на Косово, но несомнено ќе биде чин на официјално прифаќање на независноста на Косово како политичка реалност, изјави денеска претседателот на Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ.
Тадиќ, кој е и поранешен претседател на Србија, за весникот Данас изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ во изјавата по средбата со косовскиот премиер Аљбин Курти во Брисел, едноставно прескокнал да претстави некои клучни аспекти од разговорите.
-Имено, тој упорно вели дека допрва треба да се договори план за имплементација, за да се создаде впечаток во јавноста дека ништо значајно не се случило, а не вели дека тој и Курти ја прифатиле содржината на договорот, како беше објавено (претходната вечер). Тој се обидува да создаде забуна во јавноста и дека полека ги „воведува нашите граѓани во студена вода““, рече Тадиќ.
Тадиќ смета дека е трагично што режимот ја прикажува Заедницата на српските општини на Косово како предуслов за потпишување на овој договор, „создавајќи привид дека тоа е нешто што нашата страна го добива“.
На прашањето што добива Србија, Тадиќ одговори дека „доколку се потпише и спроведе ваков договор, не не’ чека нас иднина на донации и решени проблеми, туку иднина на национална фрустрација и уште поголема опасност од конфликти“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Се руши тобакото „Али Тобако“ кај Бит Пазар
-

Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
-

Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
-

ДЗР констатирал слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година
-

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател
-

Двајца мртви и повеќе од 30 повредени во пожарот во германската болница
