Тајланд: Жена возела лав во кабриолет | ВИДЕО

Полицијата на Тајланд уапсила жена чиј миленик лав бил снимен додека се вози низ градот Патаја. Снимката од младенче лав како гледа минувачи од задниот дел на автомобилот стана вирална на социјалните мрежи. Лавот со синџири го возел маж од Шри Ланка, кој оттогаш ја напуштил земјата, а властите веруваат дека станува збор за пријател на сопственикот на животното, Саванџит Косунгнерн.
Иако не е нелегално да се поседува лав на Тајланд, тој мора да биде официјално регистриран. Саванџит рече дека го купила младенчето од Тајланѓанец во провинцијата Након Патом, кој го доставил во Патаја. Меѓутоа, подоцна се покажа дека службениците не го провериле неговиот објект во кој чува животни поради што продажбата била нелегална, пишува Би-би-си.
Поради тоа, Саванџит се соочува со обвинение за нелегално поседување диво животно, што предвидува казна од една година затвор и глоба до 100.000 бати (околу 2.500 евра). Властите исто така имаат намера да обвинат маж од Шри Ланка за внесување диво животно на јавно место, што предвидува затворска казна до шест месеци и глоба од 50.000 бати.
Следуваат обвиненија и против човекот што ѝ го продал лавот на Саванџит затоа што го преселил животното без дозвола. Официјални лица велат дека моментно на Тајланд има 224 лава во легална сопственост.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
