„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да не ги укинува санкциите на САД за Сирија, а тој му го упатил ова барање за време на неговата посета на Вашингтон минатиот месец, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на изјава на неименуван израелски функционер.
Функционерот наведува дека барањето било поднесено поради загриженоста од нов прекуграничен напад, сличен на нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година, што овој пат би можел да дојде од Сирија.
Функционерот зборувал под услов на анонимност бидејќи не бил овластен да разговара за барањето со медиумите.
„Тајмс оф Израел“ не доби коментар од Канцеларијата на премиерот за ова исклучително важно прашање.
Претседателот Трамп вчера најави дека ќе ги ублажи санкциите врз Сирија и ќе преземе чекори за обновување на врските со нејзиниот нов лидер, Ахмад ал-Шара, а најавата ја реализира уште денеска, среќавајќи се со него во Ријад, во присуство на престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман.
Ново на Сител
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец