Тајна шахта за кражба на струја откриена во Тетово – Фитнес, спа и ресторан нелегално приклучени
Во станбено-деловен објект на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово е откриена кражба на електрична енергија вредна над 56.000 евра, информираат од тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија.
По извршените контроли, било утврдено дека објектот, во кој работат ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина, противправно користел електрична енергија преку специјално изработена подземна шахта. Според наодите, бил направен и директен неовластен приклучок на нисконапонски кабелски вод.
Од надлежните служби информираат дека е составен записник за неовластено користење на електрична енергија, а до Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија согласно член 235-а од Кривичниот законик.
Воедно, изготвена е и фактура за надомест на штета во износ од 3.459.428 денари.
Ново на Сител
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
