Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа

Еден месец по борбата против Џејк Пол, Мајк Тајсон даде интервју за „Фокс спортс радио“ во кое откри дека тој ден не се сеќава на ништо од рингот.
Тајсон (58) загуби со одлука на судиите по осум рунди од 27-годишниот Пол и тоа сосема заслужено со оглед на тоа што во целата борба успеа само 18 пати да го погоди Јутјуберот.
Легендарниот „Железен Мајк“ доби 78 удари, а откри дека не се ни сеќава на нив.
-Не се сеќавам на борбата. Се онесвестив малку. Се сеќавам само на почетокот на втората рунда, Џејк правеше нешто, не разбрав што, рекол Тајсон, кој очигледно се сеќава само дека Пол му се поклонил на почетокот на втората рунда.
Како што вели, не се сеќава на тие 78 удари што ги добил, но оставиле трага врз него.
-Не се сеќавам на силата на неговите удари, но целото тело ме болеше по борбата, особено градите и стомакот, изјави Тајсон.
На прашањето дали жали што повторно влегол во рингот кон крајот на педесеттите, Тајсон вели: „Ден по борбата се разбудив и ја прашав жена ми: „Зошто го направив тоа?“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
