Таравари: Да се најде решение за проблемот со приватните превозници
– Политичката партија Алијанса за Албанците дава поддршка на приватните превозници кои веќе неколку дена протестираат со блокада на улиците во Скопје барајќи исплата на долгот што го побаруават од Град Скопје и ЈСП. Според в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, неопходно е да се изнајде решение за овој проблем.
Таравари смета дека Владата треба посериозно да се ангажира, бидејќи како што рече, се работи за повеќе од 500 семејства кои неколку дена протестираат.
-Загрижени сме за состојбата. Се работи за повеќе од 500 семејства кои неколку дена протестираат со блокирање на улици. Ова не е решение. Блокиран е главниот град на државата. Ме загрижува тоа што градоначалничката воопшто не комуницира со нив, а треба да се изнајде решение и мора да се изнајде решение. Јас се согласувам со еден предлог што го дадоа, евентуално и да и се одземат ингеренции и Владата да се ангажира малку сериозно во овој правец. Нема смисла пет месеци да не се исплатат и да се дојде до вакво дереџе да не се седне и да не се разговара со нив, изјави Таравари кој денеска се сретна со приватните превозници.
Тој посочи оти чувствува одговорност поради тоа што имале соработка со ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја поддржа кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник. Додаде дека со Арсовска немаат комуникација уште од јуни оваа година.
-Искрено и јас чувствувам некаква одговорност бидејќи и ние имавме соработка со ВМРО-ДПМНЕ, ние не ја познававме Арсовска. Таа беше независен кандидат што доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа нас не поддржаа во Чаир, Тетово, Гостивар и Струга. Но, ова што се случува ова е катастрофално. Таа е сега во коалиција јавна или тајна со ДУИ, има веќе назначено два директори од ДУИ, додаде Таравари.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
