Татко ја оставил жената поради нивната ќерка: Имале редовен секс и сакале да се венчаат, а тогаш се случило најлошото

Американецот Стивен Волтер Пладл (42) уапсен е поради инцест со својата ќерка Кејти Роуз (20). Тој ја оставил својата сопруга поради врска со ќерката, која парот ја дал на посвојување штом се родила.
Стивен и 20-годишната Кејти уапсени се во Северна Каролина откако ги пријавила неговата жена, односно мајката на Кејт. Кога наполнила 18 години Кејти одлучила да ги пронајде своите билошки родители, јавува КРОН 4.
Откако ги пронашла се доселила кај нив во Ричмонд во Вирџинија. Три месеци подоцна Стивен и неговата жена се разделиле па таа се одселила.

Жената наскоро дознала дека нејзината ќерка е трудна, а во мај 2017. година дознала дека Стивен е таткото на бебето, откако го прочитала дневникот на своето друго дете.
Стивен со поранешната сопруга има две деца на кои им рекол својата сестра да ја викаат мајка. По тоа, неговата поранешна жена се јавила на Стивен и го прашала дали Кејт е трудна од него а тој потврдил.
Кејт во јули на социјалните мрежи објавила дека ќе се венчаат, иако тоа законски не можеле да го остварат.

Во ноември издадени се налози за нивно апсење, а уапсени се два месеци подоцна. Со нив во моментот на апсење бил нивниот четиримесечен син.
Одредена им е кауција од милион долари на секого. Стивен својата кауција ја платил и моментално е на слобода, додека Кејт и понатаму е зад решетки, не е познато каде е нивното дете.
Ново на Сител
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
-

Во Србија во крајот на јуни најавени големи митинзи на владејачката СНС
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
