Таткото на убиецот од „Рибникар“ доби 14 и пол години затвор, мајката речиси три години

Вишиот суд во Белград донесе втора првостепена пресуда за родителите на Коста К., кој на 3 мај 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет ученици и еден чувар.
Таткото, Владимир Кецмановиќ, е осуден на 14 години и шест месеци затвор поради занемарување и злоупотреба на малолетно лице, како и за тешко кривично дело против јавната безбедност. Неговата сопруга, Миљана Кецмановиќ, доби затворска казна од две години и 11 месеци за занемарување и злоупотреба на малолетно лице.
На пресудата и обвинителството и одбраната имаат право на жалба пред Апелациониот суд во Белград.
Во завршните зборови, главниот јавен обвинител Ненад Стефановиќ побара максимални казни за двајцата родители. Тој предложи Владимир Кецмановиќ да биде осуден на 14 години и 11 месеци затвор, а Миљана Кецмановиќ на три години.
Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда, оценувајќи дека обвинението не е поткрепено со доволно докази. Повтореното судење следуваше откако Апелациониот суд ја укина претходната првостепена пресуда и наложи нова постапка.
Ново на Сител
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
