Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран

Заменик-претседателот на иранскиот Парламент, Хаџи Бабаеј, изјави дека Ормуската Теснина е „целосно“ под контрола на Иран и дека преминот низ овој стратешки воден пат треба да се наплатува во иранската валута – ријали.
Бабаеј нагласи дека планот за Ормуска Теснина добил едногласна поддршка од 250 пратеници, јави „Гардијан“.
– Според одлуката на раководството, овој стратешки поморски пат под никакви услови не е предмет на преговори – изјави тој, додавајќи дека, и покрај санкциите, извозот на нафта на Иран надминал 1,6 милиони барели дневно.
– Денес нафтата на нашата земја практично е невозможно да се санкционира, а иранскиот народ нема да отстапи ниту чекор од своите барања – рече Бабаеј.
Отворањето на Ормуска Теснина, преку која минува околу една петтина од светското снабдување со нафта, е главно барање на САД за ставање крај на конфликтот и клучен дел од условеното двонеделно примирје постигнато минатата недела со Иран. Речиси целосното затворање на теснината предизвика нагло зголемување на цените на горивата, што може да влијае врз изборните шанси на републиканците на парламентарните избори во ноември.
Американски воени претставници вчера соопштија дека нивните сили „почнале да создаваат услови за расчистување на мините во теснината“, при што два разорувачи со наведувани ракети на американската морнарица изведуваат операции во регионот.
Иран, кој ја затвори Ормуска Теснина како одговор на американско-израелскиот напад на 28 февруари, ги демантираше тврдењата дека овие пловни објекти влегле во областа.
Ново на Сител
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
