Технологиите за препознавање на лица се закана за човековите права

Европската агенција за темелни права алармира за ризиците од технологиите за препознавање на лица и ги повикува земјите членки да постават правна рамка и да ги заштитат граѓаните.
Со развојот на технологијата за препознавање на лица и најавите на некои земји членки на ЕУ дека ќе почнат да го тестираат овој метод, европската агенција за темелни права го вклучува алармот и предупредува дека основните човекови права на граѓаните можат да бидат загрозени ако нема навремена регулација.
-Употребата на технологијата за препознавање на лица засега низа темелни права, меѓутоа ограничени се информациите за тоа како и до која мерка таа технологија се користи од страна на полициските сили и последиците на нејзината употреба врз темелните права, стои во извештајот на агенцијата.
Извесно е дека неколку земји членки почнуваат да ги испробуваат овие технологии, како на пример британската полиција која тестирала препознавање на лица на фудбалски натпревари. Други тестови со доброволци се применети во Берлин и Ница, информира агенцијата.
-Недостатокот на комплетни информации за употребата на оваа технологија ги ограничува можностите за анализа на нејзините импликации врз темелните права, објаснуваат од агенцијата и додаваат дека за да може да се спроведе релевантна анализа на овие импликации потребно е да се знае во кој контекст и со која цел ќе се користи препознавањето на лица во ЕУ.
Агенцијата предупредува и дека не е јасно колкава е стапката на грешка со ваквата технологија, но и дека во случај да се утврди дека е целосно безгрешна, импликациите врз човековите права сѐ уште би постоеле.
Меѓу другото, употребата на оваа технологија отвора важни прашања за согласноста на граѓаните за начинот на кој се добиваат, користат и споделуваат податоците. На ова треба да се додаде и ефектот што би ја имала оваа технологијата врз правата на малцинските групи и антидискриминациските политики. Препознавањето на лицата, без разлика како, од кога, и за што ќе се користи не смее да ја ограничи слободата на изразување, ниту да биде пречка за фер и праведно судење.
Поради тоа, европската агенција за темелни права препорачува земјите членки на ЕУ уште сега да се занимаваат со законската рамка која ќе биде потребна за оваа технологија.
Земјите членки треба да произведат јасна и детална правна рамка за регулација на оваа технологија и да се осигурат дека нејзината употреба ќе остане пропорционална. Агенцијата смета дека препознавањето на лица може да биде оправдана во неколку случаи како борбата против тероризмот или за потрага по исчезнати лица, но не и за време на протести на пример, бидејќи таа би можела да има негативни последици врз слободата на изразување и здружување.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
-

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс
-

Обвинителство: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
