Македонија
8. February 2022 - 16:36

Текстилците стравуваат од злоупотреби

Гласен текстилец не се согласува со предлог законот за зголемување на минималната плата. Стравуваат дека повторно може да се врати праксата на враќање на дел од платата на работодавачите.

  • Со покачувања без одредени решенија, механизми и предлози, тоа пак ќе ни се врати како бумеранг, работниците повторно нема да бидат задоволни- додаде Ампева

Ново субвенционирање на минимална плата не смее да има, додаде Ампева, имајќи го во предвид искуствoто од 2017-та кога беа злопотребени државните пари. Исто беше и со сет мерките за надминување на последиците од Ковид пандемијата.

  • Државниот буџет е народен буџет. Ние плаќаме придонеси и даноци и не може да се делат народни пари на фирми кои ги злоупотребуваат тие пари. Тоа не е решение, тоа е маска –изјави Ампева

Потребно е изнаоѓање на системско решение, кое ќе го анулира проблемот со сивата економија, јакнење на инспекциските надзори и кривично гонење за неисплата на плата и приодонеси.