Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој е еден од 16-те загинати лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад од утрово. Имено, таму попладнево пристигна полициско засилување – полициска бригада за разбивање демонстрации.
Тензиите растат пред Домот на Народното собрание во Белград и откако полицијата не ѝ дозволи на Дијана Хрка да се приближи до Собранието за да го започне таму штрајкот со глад, по што граѓани спонтано почнаа да се собираат за да ја поддржат.
Меѓутоа, како што бројот на граѓани почна да се зголемува, српската полиција распоредува дополнителни сили.
Полициска бригада, во целосна опрема за разбивање на демонстрациите, ги оттурна претходно граѓаните кон булеварот Кнез Милош, додека луѓе од таканаречениот Ќациланд (спроти Собранието во шатори) се собираат во голем број во оградениот простор околу Собранието.
На видеата што се појавуваат на социјалните мрежи, можете да видите како полицијата ги потиснува граѓаните, вклучувајќи го и поранешниот кошаркар Владимир Штимац.
Сепак, полицијата во опрема за разбивање на демонстрациите повторно се позиционираше наспроти граѓаните зад оградата, а сè поголем број полицајци се групираат во оградениот простор околу Собранието.
Граѓаните и Дијана Хрка останаа пред железната оградата што беше поставена за никој да не може да се искачи пред Собранието. Сè повеќе луѓе се собираат во поддршка на Дијана Хрка, но во меѓувреме, повеќе луѓе пристигнаа и во таканаречениот Ќациленд.
МИА
Ново на Сител
-

Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион
-

Пронајдени човечки стапалки стари 115.000 години
-

Научно истражување: Птиците имаат способност да го видат магнетното поле
-

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех
-

Кралот Чарлс Трети денеска ќе се обрати пред пратениците во американскиот Конгрес
-

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума
-

Сабаленка за вирусот на турнирот во Мадрид: Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос
-

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин
