Македонија
17. February 2026 - 13:22

Тепачка во казино во Карпош

На 16.02.2026 во 23:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.К.(19) и К.Н.(22), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот во казино на подрачјето на Карпош во Скопје, физички го нападнале Р.М.(59) со престој во Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави, соопшти МВР.