Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика

Тесла планира да вработи дополнителни 1.000 работници за својата единствена европска фабрика, во околината на Берлин, соопшти денеска овој американски производител на автомобили,јави ДПА.
Тесла, која е во сопственост на американскиот технолошки магнат Елон Маск, изјави дека планира од октомври да го зголеми производството на возила во германската фабрика на 7.500 неделно.
Планираните нови вработувања доаѓаат покрај дополнителните 1.000 вработени објавени во април, кои требаше да бидат вработени до крајот на јуни за да го зголемат производството во фабриката за една петтина на околу 6.000 возила неделно, при што компанијата се повикува на зголемување на побарувачката, потсетува германската агенција.
Тесла, исто така, минатиот месец објави планови за регрутирање на повеќе од 1.500 нови вработени за производство на батерии во Германија, откако Маск вети во 2020 година дека ќе ја претвори фабриката Гринхајде, наречена Гигафабрика Берлин-Бранденбург, во најголемата фабрика за батерии во светот.
Тесла ја отвори фабриката пред околу четири години и првично имаше за цел да произведува 500.000 автомобили годишно, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
