„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД

Американскиот автопроизводител „Тесла“ повлекува 218.868 возила во Соединетите Американски Држави поради проблем со доцнење во прикажувањето на сликата од камерата за задниот поглед, што може да ја зголеми опасноста од несреќа, соопшти Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (НХТСА).
Сликата од камерата за задниот поглед кај овие возила може да се појави со доцнење кога автомобилот, на пр., ќе се префрли во рикверц, намалувајќи ја видливоста на возачот, според НХТСА. Повлекувањето вклучува одредени модели на „Тесла“, т.е. „Модел 3“, „Модел Ипсилон“, „Модел Икс“ и „Модел С“.
„Тесла“ веќе објави ажурирање на софтверот „на далечина (over-the-air)“, со цел решавање на настанатиот проблем.
Минатиот месец, НХТСА ја затвори истрагата што вклучуваше околу 2,6 милиони возила на „Тесла“ за функција што овозможува автомобилите да се движат од далечина, откако беше откриено дека таа опција е поврзана само со инциденти при мала брзина.
МИА
Ново на Сител
-

Светски ден на контрацепција: Современа контрацепција користат само 14% од младите жени
-

Мбапе ја напушти репрезентацијата и се врати во Мадрид
-

Хакерска група тврди дека има медицински картони на илјадници агенти на ФБИ
-

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија
-

Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневен прекин на огнот
-

Променливо облачно, со локален дожд
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
