Loading Video...
Кошарка
24. December 2021 - 10:38
Тесни победи на Зенит и Асвел, во дербито Реал подобар од ЦСКА
Два од петте натпревар од 17-тата рунда во Евролигата завршија со само еден кош разлика, односно два поени, а им припаднаа на Зенит о Асвел Вилербан, кои ја искористија предноста на домашниот терен.
Рускиот тим славеше победа во дуелот против Макаби со 73-71, додека французите беа подобри од Фенербахче со 84-82.
Дербито на колото се одигра во Мадрид, каде второ пласираниот тим на табелата, Реал ја совлада ЦСКА Москва со 71-65 со што „кралевите“ ја остварита третата победа во низа, а вкупно 14-та сезонава.
Веднаш зад Реал е тимот на Олимпијакос кој во атинското дерби беше убедлив против лутиот ривал Панатинаикос кого го совлада со 84-65 и тоа на гостински терен.
И во последниот меч од оваа рунда одигран во Минхен, победа забележаа гостите. Шпанската Басконија славеше со 81-76 во дуелот против Баерн.
До крајот на годинава, евролигашите ќе одиграат уште една рунда и тоа 18-тата чии средби се закажани за 28 и 29 декември.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->