Македонија
25. October 2026 - 12:10

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници

На 24.10.2026 околу 22:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.С. од Тетово, удрило во три 16-годишни малолетници, сите од Тетово.

По несреќата возачот со возилото го напуштил местото, но набргу бил пронајден и сопрен на ул.„Никола Тесла“.

При алкотестирање кај него биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, а при преглед на возилото биле пронајдени три пакувања со марихуана, по што е лишен од слобода, а возилото е одземено.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, додека другите двајца се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопштува МВР.