-->
-->
Тетовчанка измамена за 500 евра - ја убедиле дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош
-->
На 16.09.2025 во 15:15 часот во СВР Тетово, 59-годишна жена од тетовско село пријави дека била измамена од Х.„Н“ од тетовско и уште едно машко лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година тие ја довеле во заблуда дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош - туѓа нега, но за тоа ќе треба да плати 500 евра, соопшти МВР.
Како што е пријавено, таа спремила документи и на крајот на 2024 година добила решение со кое ѝ се одбива барањето, Исто така, според пријавеното, ги известила нив, но тие пак ја убедувале дека набргу ќе ги добие парите, по што го прекинале контактот со неа и таа сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава
-
Ноќеска голем пожар подметнат во сервис за возила пред Пинтија