Македонија
26. September 2025 - 12:25

Тетовец на Мерцедес си вградил флешери и ги обoил со црвена боја регистарските таблички

Уапсен Тетовец кој на Мерцедес вградил флешери и ги обоил со црвена боја регистарските таблички.

„На 25.09.2025 во 16:40 часот поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Закон за возила и член 225 точка 9 од Закон за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Р.Љ.(56) од Тетово, кој се движел со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.“, стои во билтенот на МВР