Македонија
1. February 2026 - 13:07

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата

На 31.01.2026 во 14:35 часот во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го приведоа Г.Ј. (51) од Тетово, постапувајќи по пријава за семејно насилство извршено врз неговата сопруга.

При алкотестирање на лицето му било констатирано присуство на 3,02 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.