Loading Video...
Кошарка
17. March 2022 - 18:50

ТФТ поразен од Балкан во дуел од БИБЛ лигата

Освојувачот на Купот на Македонија екипата на ТФТ Скопје попладнево пред своите симпатизери го одигра првиот меч од втората фаза во БИБЛ лигата. 
 
Во натпревар од Д групата тимот од скопската населба Тафталиџе го пречека бугарскиот преставник Балкан од Ботевград, од кого загуби со 82-97  
 
Својот следен натпревар ТФТ ќе го игра на 24 март повторно во Скопје, а ќе го пречека израелскиот тим Макаби Хаифа. 
 
Во оваа Д конкуренција е и вториот изреалски преставник Ирони Нахарија од кој ТФТ претрпе два порази во првата фаза од натпреварувањто. 
 
Потсетување дека првопласираните екипи од двете новоформирани групу (Ц и Д) директно ќе обезбедат пласман на завршниот Фајнал-фор турнир, додека второ и трето рангираните екипи ќе се борат за преостанатите две места.