Македонија
26. October 2023 - 16:35

Тинејџерките во Македонија се осамени и нервозни – истражување за менталното здравје

Секоја втора тинејџерка на 15 годишна возраст во земјата се чувствува осамено подолг период во годината, а 13 годишни девојчиња се нервозни и тоа го изјавиле повеќе од 30 проценти од нив.

Загрижувачки и алармантни податоци за менталното здравје на младите во Македонија и пошироко објавени во последниот извештај на Светската здравствена организација.

Податоците се за 2021 и 2022 година кога беше и ковид пандемијата и голем процент на  ученици  од 11 до 15 години пријавиле секојдневно нерасположение, чувство на раздразливост, нервоза, вознемиреност но и чести здравствени симптоми.

Студијата за менталното здравје на адолесцентите и нивната благосостојба покажува загрижувачки тренд низ Европа и Централна Азија. Нарушено ментално здравје и тоа на повеќе идикатори со најголем пораст кај девојчињата на 15 години.

Алармамнти 64 проценти средношколки во прва година и 37 проценти на момчиња често имаат по неколку здравствени тегоби истовремено. Но во овој дел Македонија не е прва на табелата бидејќи нивни врсници во Србија, Грција, Шведска имаат многу повеќе проблеми со пријавување на главоболка, осаменост или несоница.

Не само за овој извештај, туку и за многу истражувања на оваа тема, епспертите секогаш повикуваат на брза акција за младите да бидат отргнати од секојдневните проблеми и здравствени, политички или општествени кризи да немаат толку големо влијание на нивната ментална состојба.