ТИРАНИН
Импресивна политичка драма што ги отсликува судирите меѓу Истокот и Западот, спротивставените идеологии и конфликтот меѓу традицијата и современите демократски вредности.
Приказната го следи Бери Ал-Фајед, син на долгогодишен диктатор, кој по дваесет години живот во САД се враќа во својата татковина заедно со сопругата и децата. По смртта на неговиот татко, власта ја наследува неговиот постар брат Џамал, авторитарен лидер кој владее преку репресија, војска и страв. Бери, кој ги прифатил западните демократски вредности, постепено се вовлекува во политичките превирања, обидувајќи се да ја промени државата и да го спречи насилното владеење на својот брат. Иако неговата сопруга се плаши од таквата ситуација, сепак и таа ќе мора да се вклучи во играта за да ги заштити животите на нивните деца.
Во позадината на семејниот конфликт се испреплетуваат сложени меѓучовечки односи, политичка корупција, револуции, верски екстремизам, граѓански судири и влијанието на САД врз Блискиот Исток. Дејството има впечатливи паралели со Сирија и семејството Асад, особено во наследувањето на власта и контролата врз војската и безбедносните служби. Серијата ја прикажува вечната борба меѓу тиранијата и слободата, демократијата и авторитаризмот, откривајќи како политичката моќ, амбициите и стремежот кон превласт можат да ја обликуваат судбината на едно општество.
Ново на Сител
-

Трагедија во Бугарија: Најмалку петмина загинати во верижен судир на 50 возила поради густа магла
-

При претрес во Ѓорче пронајдена дрога, приведено 19-годишно момче
-

Младите ширум светот сè помалку физички активни
-

„Фајненшл тајмс“: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ ако членките не се обврзат да ја финансираат Украина
-

Претставници на Русиja и Украина денеска во Абу Даби ќе преговараат со посредство на САД
-

„Евростат“: Цените на становите во ЕУ растеле побрзо од приходите на домаќинствата
-

ТФТ минимално го совлада МКК Куманово
-

Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
