Толкувачи: Задолжени да го носат гласот во светот на тишината
Викторија Волак. Нејзиното име можеби за повеќето не значи ништо, но за околу 6000 илјади глуви и наглуви лице во земјава значи се’. Мост помеѓу два света, на звукот и на тишината. Таа е една од 30тмината сертифицирани толкувачи на знаковен јазик во земјава. Да се слушне гласот на некој кој речиси секојдневно го гледате на прес-конференции како комуницира со знаковен јазик е навистина задоволство.
Освен што не знаат какви информации ќе споделат владините претставници, тремата дополнително им се зголемува што не ја познаваат доволно медицинската терминологија на епидемиолозите. Сепак за Ковид-19 постои интернационално прифатен знак.
Стојат од десно рамо до рамо со министрите и останатите владини претставници информирајќи за епидемијата на коронавирус. Црната боја е нивниот заштитен знак и третата рака во знаковното толкување.
Викторија Волак и нејзините колеги се гласот во тишината. Нивното мото е: Погледни ме, за да ме слушнеш.
-
Верица Блажевска
Сите содржини од овој новинар
