Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени

Тридневен топлотен бран од денеска до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми.
Поради најавените екстремно високи температури, вчера заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од пожари.
Според метеоролошките прогнози, највисоки температури се очекуваат утре, кога во Тесалија се предвидуваат од 40 до 41 степен, додека во областа Агринио, во Западна Грција, температурата може да достигне до 42 степени Целзиусови.
Од среда се очекува постепено намалување на температурите, и тоа прво во северните делови на земјата, а од четврток и во останатиот дел од Грција.
Ново на Сител
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
