Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека безбедносната состојба во државата е стабилна и покрај регионалните тензии по конфликтот со Иран.
Министерот рече дека институциите немаат информации кои упатуваат на можни нарушувања на безбедноста.
Во овој момент сметам дека имаме стабилна безбедносна ситуација. Немаме никакви индиции дека би можела да биде изместена од она ниво на кое е во овој момент. Советот за безбедност беше свикан и во овој момент сметам дека имаме стабилна состојба - изјави Тошковски по настанот со кој беше означен почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на малото и лесното оружје.
Во однос на апсењето на директорот на Инспекторатот за земјоделство, министерот потврди дека директор на државен инспекторат е уапсен при примање мито, со однапред обележани пари.
-Ова е еден од случаите што ја потврдуваат неселективната борба на Министерството за внатрешни работи, особено против оние што го срамат својот народ од позиција на директор, функција што му била дадена од страна на народот преку Собранието, Владата итн. - рече Тошковски.
Со ова, како што истакна, „упатуваме многу силна порака, а тоа е дека нема недофатливи, нема недопирливи“.
-Секој што ќе згреши, особено на штета на македонските граѓани, со рекетирање и корупција, ќе одговара - додаде министерот Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
