Тошковски: Безбедноста во сообраќајот е приоритет за МВР, продолжуваат засилените контроли
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчеравечер ги посетија полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот и од моторното одделение, во населбата Илинден, кои спроведуваат контроли во рамки на оперативната акција „Безбеден сообраќај“.
Како што соопшти МВР, акцентот на вечерашните засилени контроли бил ставен на правилното управување со мотори и електрични тротинети, како и носењето на заштитна опрема.
-Апелирам до сите учесници во сообраќајот, особено до оние кои управуваат мотори и електрични тротинети, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не возат побрзо од дозволеното, да носат заштитни кациги и да придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот, рече министерот Тошковски.
Од МВР додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.
Градоначалникот na Општина Илинден Александар Георгиевски упати апел до сите млади возачи, но и до нивните родители, да бидат свесни за важноста на безбедното однесување во сообраќајот. Тој нагласи дека носењето заштитна опрема и почитувањето на сообраќајните правила можат да спасат животи.
МИА
Ново на Сител
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република