Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот

Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам - стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа - истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога - Лемос.
Според министерот Тошковски, проектот за Маркова Нога е значаен за двете пријателски држави.
- Преспа заслужува сите да вложиме максимум во рамките на капацитетите што ги имаме затоа што ова е стратешки проект, кој ќе даде додадена вредност од повеќе аспекти за Преспа, за нашите две пријателски држави, нагласи Тошковски.
Граничниот премин од македонска страна ќе биде завршен во септември, годинава, а според инвеститорите зададениот рок е 2028 година.
-Овој регион е многу важен за сите вклучени страни и за Преспа е проект којшто ги заштитува природните богатства, а ќе придонесе и за меѓусебна соработка на двете страни кон економска размена и зближување на регионот. Активностите од другата страна треба да завршат во февруари 2028 година, истакна евроамбасадорот Михалис Рокас.
Во изјава за медиумите Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјава, истакна дека Преспанското Езеро е прекрасно езеро и одлично е што Светскиот ден на екологијата се одбележува токму тука.
- Во оваа прилика се заблагодарувам на цел тим кој овозможи изградбата на проектот да достигне 60 проценти и заклучивме дека работите се придвижуваат кон својот крај, посочи Григорјан.
Граничниот премин Маркова Нога - Лемос е со сообраќајница во должина од 350 метри со четири ленти, придружни објекти и други стандарди за меѓународен граничен премин.
МИА
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
