Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите
Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава и нормално дека ќе обвинува, затоа што тоа и работа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во однос на обвинувањата од опозицијата дека е нарушена безбедноста, Тошковски порача дека добро би било кога обвинува опозицијата да прави компарација со претходно и навистина реално да ги согледа фактите.
-Добро би било да има додаена вредност на тоа што го прави опозицијата, да не е само паушално и да не е само празни обвинувања за да бидат присутни во етерот, но тоа е нивна работа и нека си оценат како ќе продолжат понатаму, рече изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандум за соработка со Црвениот крст.
Прашан околу убиството во Батиници и дали има повеќе информации со оглед дека е второ убиство во една година, Тошковски рече дека МВР постапува во делот на она што го има како информации, дека истрагата се уште е во тек и кога ќе има дополнителни информации ќе сподели со јавноста.
-МВР го расветли случајот од аспект на сторител и преземени дејствија. Постапуваме во насока на идентификување на локација на сторителот и не би сакал да навлегувам повеќе во детали. Не би можел да изнесам повеќе информации во јавноста од она што ви го кажав во врска со конкретниот предмет, изјави Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат