Тошковски: Нема да дозволиме инциденти и нарушување на јавниот ред и мир за Денот на албанското знаме

Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот во државата и ќе ги преземе сите потребни мерки за заштита на граѓаните и безбедноста во сообраќајот - порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски честитајќи им го Денот на албанското знаме на граѓаните од албанската заедница.
Одговарајќи на новинарско прашање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, Тошковски им посака на граѓаните празникот да го поминат во мирна и семејна атмосфера.
- Сакам прв да им го честитам Денот на албанското знаме на нашите сограѓани. Нека е за убаво, нека е за арно. Би сакал да им порачам да имаат убав ден, весел ден, да го поминат со своите најблиски и со своите фамилии - порача Тошковски.
Во врска со информациите и објавите на социјалните мрежи за можни инциденти за време на празнувањето, министерот нагласи дека полицијата е подготвена да одговори на сите предизвици.
Тој потенцира дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале за време на претходни прослави.
- Нема да дозволиме нарушување на сообраќајот и нарушување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Би ги замолил сите оние коишто ќе сакаат да си го прослават денот, да го направат тоа согласно сите пропишани протоколи во рамки на една нормална семејна, убава, атмосфера со своите најблиски, па и со оние коишто сметаат дека треба да го прослават – истакна Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
-

Приведен насилникот кој ја претепал сопругата во Гостиварско
-

Облачно со повремени врнежи од дожд, кон крајот на денот со снег, следната недела со теператури до - 18 степени
-

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина
-

Поранешен кинески регионален лидер осуден на смрт поради мито од 88 милиони долари
-

Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег
