Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на родителите на загинатите во пожарот во Кочани, за непостапување на полицијата и за наводно штитење началници, изјави дека родителите имаат право да бараат одговори, а инстиуциите се должни да најдат одговори.
-Родителите имаат право да бараат одговори, родителите се тие коишто заедно со сите нас патат, жалат и ги боли ова што се случува во Македонија, а нив најмногу. И тие имаат право да бараат одговори, а институциите се должни да најдат одговори. И ќе дадат одговори, нагласи Тошковски.
Изрази уверување дека Јавното обвинителство коешто во оваа ситуција ги презема сите оние дејствија кои треба да ги преземе, како во делот на работењето на Основното јавно обвинителство, така во делот на работењето на ЈО за организиран криминал да ги даде одговорите на сите прашања кои се поставуваат од страна на родителите и од страна на целокупната македонска јавност.
-Но не можам а да не спомнам, дека само Господ на крајот на завршување на целокупниот овој процес, ќе биде оној којшто ќе суди за секоја една солза која дополнително непотребно е исплакана од македонскиот народ заради тоа што одредени политички лешинари, се обидуваат цело време упорно, свесно, да манипулираат со македонскиот народ, и особено со родителите, рече Тошковски.
На последниот протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што се одржа во саботата, родителите на загинатите во јавното обраќање пред Обвинителството родителите реагираа што бројот на осомничените од 73 се намалил на 46 лица, а повеќето од оние кои треба да одговараат не се повикани на распит, ниту пак се осомничени. Нагласија дека во периодот на болка и тага биле принудени да ги проучуваат законските норми и прописи за да не бидат изманипулирани, а сите сознанија до кои дошле ќе ги објават на заеднички профил на социјалните мрежи. Родителите најавија дека ќе продолжат со своите истраги и ќе ја играат улогата на УЈП и на другите надлежните институции, посебно што било дозволено клубот „Пулс“ да работи со блокирана сметка дури 217 дена, а при контролите е утврдено дека не се издаваат фискални сметки. Од осмиот „Марш за ангелите“ во Кочани родителите порачаа дека остануваат на барањето за неселективност во постапката, а ако не ја добијат правдата пред домашните правосудни органи, вистината ќе ја обелоденат во меѓународни рамки.
Ново на Сител
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
