Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сјаојан на која станало збор за продлабочувањето на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста.
Како што соопшти МВР, на средбата било изразено взаемно задоволство од досегашната соработка, при што беше оценето дека билатералните односи во областа на внатрешните работи бележат позитивен развој и се темелат на заеднички принципи и интереси.
Посебен акцент бил ставен на интензивирање на активностите во борбата против илегалната миграција, како и на продолжување на редовниот дијалог и координација меѓу надлежните институции.
Соговорниците се согласиле дека стратешките цели на двете држави остануваат приоритет, при што беше истакнато дека унапредувањето на соработката ќе придонесе за нивна поефикасна реализација.
Средбата, како што се наведува во соопштението, се одвивала во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка оценка дека постои силна основа за понатамошно зајакнување на партнерството меѓу двете земји.
МИА
Ново на Сител
-

Раде Трајковски-Штекли осуден на осум години затвор
-

Можно е дополнително намалување на акцизата за бензините, ДДВ-то на дизелот останува исто
-

Во првиот квартал потрошени речиси 2/3 од планираниот буџетски дефицит за цела година
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
