Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени

Товарен и патнички воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци. Шест патници се тешко повредени, а 13 се полесно повредени, соопшти хрватското Министерство за здравство.
На патниците им е укажана медицинска помош во болниците Бјеловар и Копривница, а некои се префрлени во болниците во Загреб. Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. Причината за несреќата сè уште се утврдува.
Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека истрагата ќе покаже што е причината за сударот меѓу патничкиот и товарниот воз. Тој нагласи дека најважно е што во несреќата нема смртни случаи.
Според него, тешко повредените патници и машиновозачот на патничкиот воз се пренесени во загрепските болници, додека некои од повредените се згрижени во медицински установи во близина на местото на несреќата.
МИА
Ново на Сител
-

Граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизија „Информер“ во Белград и ја прекинаа програмата
-

Премиерот Мицкоски телефонски со Срдановиќ: „Верувам дека добрите меѓудржавни односи ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“
-

Политико: На Франција и се заканува должничка криза, социјални немири и политичка неизвесност
-

Европскиот печат за изборите во Србија: Победата на студентите е шлаканица за Путин, но и за европските лидери
-

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи
-

Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција
-

МЗ: Континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија, се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Косово
