Трагедија на патот Охрид-Кичево: Удрил во глутница кучиња, автомобилот се запалил – возачот загина

Возач го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид-Кичево, откако автомобилот со кој управувал удрил во кучиња скитници, а потоа во металните браници покрај патот и се запалил.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во СВР Охрид во 23:30 часот. Станува збор за автомобил „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки.
По ударот во кучињата, возилото удрило и во металните браници на патот, по што избувнал пожар.
На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, која го изгаснала пожарот. Во изгореното возило било пронајдено телото на починатиот возач.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина за обдукција и утврдување на идентитетот.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Охрид. Додека траел увидот, сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен преку регионалниот пат Охрид-Струга.
Ново на Сител
-

Затвореник од Идризово преку телефон ѝ се заканувал на партнерката и нивниот син
-

Тешко повредено осумгодишно момче откако со детски мотор удрило во паркирана приколка
-

16-годишник ненамерно го повредил другарот со остар предмет, па сам се пријавил во полиција
-

Буџетот оштетен за 4,5 милиони денари - финансиска полиција поднесе кривична за даночно затајување
-

Охридското Езеро најубаво во Европа – пред Комо, делото на Гауди и норвешките фјордови според „Time Out“
-

Скопјанец осомничен за две кражби на пригушници од железничка пруга
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби
