Трагедија на патот Охрид-Кичево: Удрил во глутница кучиња, автомобилот се запалил – возачот загина

Возач го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид-Кичево, откако автомобилот со кој управувал удрил во кучиња скитници, а потоа во металните браници покрај патот и се запалил.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во СВР Охрид во 23:30 часот. Станува збор за автомобил „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки.
По ударот во кучињата, возилото удрило и во металните браници на патот, по што избувнал пожар.
На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, која го изгаснала пожарот. Во изгореното возило било пронајдено телото на починатиот возач.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина за обдукција и утврдување на идентитетот.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Охрид. Додека траел увидот, сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен преку регионалниот пат Охрид-Струга.
Ново на Сител
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Плаќале вакцина а добивале физиолошки раствор!?
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски по истрага
-

Управниот одбор не одобрил набавка на апарати за коцкање
-

Најмладиот милионер во државата има 4 години, највисоката месечна плата изнесува 189.000 евра
