Трагедија во Иран: Паднала бомба среде натпревар и загинаа 20 одбојкарки

Според наводите на иранските медиуми, за време на викендот во напад на спортска сала во градот Ламард, на југот на Иран, загинале 20 млади одбојкарки, додека повеќе од 100 лица се повредени.
Информацијата првично ја пренесе телевизискиот канал Al Mayadeen, повикувајќи се на локални извори, а потоа веста ја потврдија и други медиуми.
Нападот се случил во покраината Фарс, а според истите извори, меѓу жртвите има и деца кои биле во салата во времето на нападот.
Првичните извештаи зборуваа за повеќе од 15 мртви, но подоцна бројот на жртви беше зголемен.
Во соопштението се вели дека FIVB е „шокирана и крајно загрижена од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран ги загубиле животите поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток и поширокиот регион“.
„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до сите погодени од оваа криза во развој“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
-

Лејкерси го зголемија водството во серијата против Хјустон
-

Интер се врати од негатива од 0:2 и го победи Комо во полуфиналето на Купот на Италија
