Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е близу до постигнување договор за завршување на војната во Појасот Газа и за враќање на заложниците кои ги држи Хамас.
– Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната, изјави Трамп, без да открие повеќе детали.
САД претходно претставија мировен план со 21 точка за Блискиот Исток, чија цел е да се стави крај на речиси двегодишниот конфликт меѓу Израел и Хамас. Планот беше објавен во време на општополитичките дебати на 80. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, на кои учествуваа светските лидери.
Предлогот во вторник бил доставен до Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Египет, Јордан, Турција, Индонезија и Пакистан, соопшти специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф.
Трамп, кој останува најцврст сојузник на Израел на меѓународната сцена, денеска изјави дека разговарал со претставници на блискоисточните земји, како и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Ново на Сител
-
Лажетиќ: Нашата сообраќајна некултура, едноставно ќе мора да се регулира, оној што не сака да се придржува на основни правила во сообраќајот и не треба да биде воопшто учесник
-
Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет
-
Путин: Русија постигнува успеси во сите области, политичката стабилност во моментов е најважна
-
Дисциплинска за 11 полицајци во Велес, не постапиле согласно законите на пријавите на убиената Росица
-
Среќата ја одбра Битола - нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија!
-
Тетовец на Мерцедес си вградил флешери и ги обoил со црвена боја регистарските таблички
-
По само една недела вандали ја распарале вреќата за бокс и ги уништиле реквизите на теретаната во Паркот на Франкофонијата
-
Приведен 39-годишен германец на ГП Табановце, кај него е најдена дрога