Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува дека по зголемувањето, цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната во Иран и дека некој што живее во Иран веројатно би бил посоодветен кандидат да ја преземе земјата од синот на поранешниот ирански шах во егзил, Реза Пахлави, кој живее во САД.
Трамп на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Овалната соба изјави дека, поради нападите на САД и Израел врз Иран, цените на нафтата веројатно ќе бидат „високи некое време“, но дека ќе паднат кога сè ќе заврши и дека дури ќе бидат пониски од порано, пренесува Би-Би-Си.
„Значи, ако имаме малку повисока цена на нафтата некое време, штом ова ќе заврши, тие цени ќе се намалат. Верувам дека ќе бидат пониски дури и од порано“, рече Трамп.
На прашањето дали го гледа Реза Пахлави, протераниот син на последниот ирански шах, како можна опција да го води Иран во иднина, Трамп рече дека Пахлави изгледа како фин човек, но дека, иако „некои луѓе го сакаат“, тој верува дека најдоброто можно сценарио би било „некој што веќе е таму“ да ја преземе власта.
Трамп ги предупреди Иранците да не излегуваат на улиците додека трае бомбардирањето.
Според него, иранската заедница во Соединетите Американски Држави е задоволна од американската операција против Иран, која започна во саботата.
„Толку многу луѓе рекоа благодарам, благодарам, благодарам. Го гледате тоа на улиците на Лос Анџелес. Факт е дека луѓето се задоволни од она што го направивме“, рече Трамп, во врска со прославите што се одржаа во последните денови на улиците на Лос Анџелес, каде што живеат голем број луѓе од иранско потекло.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
