Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
Трамп повотрно го продолжи ултиматумот кон Иран за деблокада на Ормутскиот Теснец и најави дека до 6 април нема да има напади врз иранските енергетски постројки. Одлуката ја донел, како што напиша на Трут соушл на барање на иранската влада. Наведе и дека разговорите со Иран одат многу добро. Неколку часа претходно, за време на состанокот на кабинетот. Трамп се закани дека САД ќе стане најлошиот кошмар за Иран ако не склучи мировен договор.
- Јас велам дека се лоши борци, но тие се одлични преговарачи. Сега имаат шанса да склучат договор, но тоа зависи од нив. И ќе ви кажат „не преговараме, нема да преговараме“. Секако дека преговараат. Тие се уништени. Кој не би преговарал? Тие молат да склучат договор. Ќе видиме дали можеме да го направиме вистинскиот договор. Тенсецот ќе се отоври. Ормускиот теснец ќе се отоври, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Од Техеран нема официјална реакција, а иранските власти досега одбиваа да признаат директни разговори со САД. Амбасадор на Иран во ОН предупреди дека секој обид од САД и Израел за копнена инвазија би бил голема грешка додека ијадници дополнителни американски војници се приближија или се наоѓаат на пат кон Блискиот исток.
- Фактот дека Иран ја наметна својата контрола врз целиот регион е голема победа. Подготвени сме за секакво сценарио, вклучително и секако вид копнена операција. Мислам дека тоа е место каде што ќе можеме да ги победиме и мислам дека тоа би била една од големите грешки ако ја донесат таа одлука, изјави Али Бахреини, амбасадор на Иран во Он.
А воените активности не запираат. Во фокусот на Тел Авив објекти за производство на балистилчки ракети во Техеран и инфраструктура на Хезболах во Либан а иарнската војска го предупреди луѓето во регионот да ја напуштат областа каде што се стационирани американските сили. Во мегувреме Обединетите Арапски емирати им соопштија на САД дека ќе им помогнат во обидите за повторно отворање на Ормутскиот теснец, клучен за глобалната трговија со нафта и гас. Иранската блоакда доведе до раст на цените на енергенсите.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
