Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој треба да го убеди да изврши максимален притисок врз Иран.
Ова е седма средба меѓу двајцата лидери откога Трамп се врати на власт во Белата куќа. Пред тоа американскиот лидер ги зголеми своите предупредувања и закани кон Техеран и неговите нуклеарни амбиции.
За време на средбата со Трамп се очекува Нетанјаху да инсистира во преговорите меѓу Иран и САД да бидат вклучени прашањето за иранските балистички ракети и забраната за Техеран да ги поддржува вооружените групи што дејствуваат во регионот.
Прашањето за ракетите е црвена линија за Израел, кој се наоѓа на речиси 2.000 километри од Иран. Нетанјаху со години повторува дека само воена акција може да го реши иранското нуклеарно прашање еднаш засекогаш.
САД му помогнаа на Израел во неговата 12-дневна кампања за напад врз стратешки ирански објекти, вклучително и нуклеарни.
Нетанјаху исто така се надева дека средбата ќе собере и малку политички капитал во својата татковина со тоа што ќе се појави близок до Трамп, кој е многу популарен во Израел.
МИА
Ново на Сител
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
