Македонија
1. August 2025 - 8:46

Трамп и воведе царина од 15 отсто на Македонија

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царински стапки.

Македонија, наместо предходно објавените 33%, доби царина од 15%, што е значително намалување.

Иста царинска стапка од 15% важи и за ЕУ.

Од земјите од регионот, Хрватска, Словенија и другите земји-членки на ЕУ добија иста царинска стапка како и Мкакедонија, 15%, додека со повисоки царински стапки се соочија БиХ и Србија, со по 30%, односно 35% царина.

Црна Гора и Албанија Албанија и Црна Гора добија стапка од 10%, бидејќи не се наоѓаат на официјалниот список на САД.

Минималната царинска стапка која ја воведе Трамп изнесува 10%, а највисоката е за Швајцарија, која изнесува 39%.