Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со новинарите во Овалната соба за војната во Иран, јави Би-би-си.
Медиумот забележува дека единственото прашање што не било иницирано било можното распоредување на американски трупи во Иран. Еден час пред појавувањето на Трамп, неколку новински агенции објавија дека Пентагон е близу до финализирање на наредбата за испраќање илјадници американски трупи во Иран. Но, Трамп не беше прашан за потенцијално распоредување на трупи, ниту самиот не го спомена тоа.
Трамп рече дека САД преговараат за потенцијален крај на војната со Иран и дека, како дел од тие разговори, Иран се согласил да се откаже од својата нуклеарна програма. Иран сè уште не одговорил на тврдењата.
Трамп рече дека неговата администрација „разговара со вистинските луѓе“ во Иран и „тие очајно сакаат да склучат договор“. Тој исто така рече дека потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио се вклучени во дискусиите.
Тој ги повтори тврдењата изнесени претходно, дека Иран нема преостаната морнарица, лидери или радар – и ја нарече американската операција „огромен успех“.
Американскиот претседател рече дека иранскиот режим се согласил дека никогаш нема да има нуклеарно оружје. Тој исто така рече дека нападите врз Техеран доведоа до „промена на режимот“.
На новинарско прашање со кого преговарале неговите тимови во Иран тој рекол: „Го убивме целото нивно раководство, а потоа се состанаа за да изберат нови лидери и ги убивме сите … Сега имаме нова група … да видиме како ќе се покажат“.
Трамп истакна дека американско-израелските напади довеле до „промена на режимот“, но предупреди дека „не му верува на никого“.
На прашањето колку се надева дека мировниот договор со Иран ќе функционира, Трамп одговори: „Оваа војна е добиена“.
Коментирајќи ги земјите од Персискиот Залив за време на војната во Иран, тој рече дека ОАЕ биле „одлични“, а и Катар го опиша како „одличен“.
МИА
Ново на Сител
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
-

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези
-

Врнежи од дожд, на планините снег
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
